Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ФФМ ги одреди термините за одложеното коло, Вардар и Шкендија ќе играат во работен ден

Натпреварите од домашното првенство ќе паузираат овој викенд, откако поради одржувањето на локалните избори, Министерството за внатрешни работи побара одложување на сите спортски настани.

Фудбалската федерација на Македонија ја прифати препораката и донесе одлука сите натпревари од 10. коло да бидат презакажани.

Новиот распоред ги преместува средбите за следната недела, а најголемото дерби, дуелот меѓу Шкендија и Вардар ќе се игра во работен ден. Двата ривали ќе се соочат во понеделник, со почеток од 13:30 часот.

Петок 24.10 14:30
Башкими – Шкупи
Тиквеш – Арсими
Сабота 25.10 14:30
Работнички – Македонија ЃП
Струга ТЛ – Брера
Недела 26.10 13:30
Силекс – Пелистер
Понеделник 27.10 13:30
Шкендија – Вардар

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот