Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење/Фото: Фејсбук

Фетаи: Извештајот на „Транспаренси“ е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска реагираше во врска со извештајот на Transparency International за 2024 година, во кој Северна Македонија е рангирана 12 места пониско на Индексот за перцепција на корупцијата.

Коментирајќи го извештајот, Фетаи на „Фејсбук“ напиша дека тој „покажува дека владеењето на СДСМ и ДУИ било корумпирано и нетранспарентно“.

Тој оценува дека лошата оценка во извештајот „е резултат на судските скандали во последната година од претходната влада, споменувајќи ги скандалозните измени на Кривичниот законик, кои овозможија амнестија за над 200 кривични предмети“.

„Репутацијата на земјата во борбата против криминалот дополнително е нарушена и од скандалите во Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, избрани за време на владеењето на СДСМ и ДУИ“, додава Фетаи.

Според него, новата влада правилно ги адресира своите стратешки приоритети, како што се реформите во правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата, чие спроведување ќе донесе конкретни резултати.

Во таа насока, тој го истакнува и иницирањето на разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски и интерпелацијата за членовите на Судскиот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот