Фестивалот „Поточиња“ на 3 јули на Школка: Детската песна и смеа не смеат да престанат!

поточиња
Фото: Промо

По подолго време, поради ситуацијата со коронавирусот, на радост на најмалите, Детскиот фестивал Поточиња повторно на отворена сцена и пред публика ќе го одржи своето 18-то издание.

Популарниот фестивал, на големо задоволство на децата, оваа година ќе се одржи на 3 јули, на Школка во Градскиот парк со почеток од 11:00 часот.

Од организацијата, Пап продукција, информираат дека во услови на пандемија изминатите месеци морало да се ограничи бројот на деца – учесници, кои пак со многу љубов, труд и посветеност земаа учество во новото издание.

На публиката ќе ѝ бидат претставени новите единаесет песни, а низ фестивалската приказна ќе ги води популарната маскота „Поки“.

Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита од Ковид – 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот