Алекс Фергусон/ EPA-EFE/PETER POWELL

Фергусон е добро и се опоравува откако му се слоши за викендот

Легендарниот стратег и поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, се опоравува откако му се слоши викендов на „Олд Трафорд“ пред натпреварот помеѓу Јунајтед и Ливерпул.

Како што пренесуваа британските медиуми, Фергусон бил пренесен во болница непосредно пред натпреварот против Ливерпул, откако почувствувал здравствени тегоби.

Според последните информации, 84-годишниот Шкот во моментов е во добра состојба и побарал лекарска помош од претпазливост, пред почетокот на дербито.

Фергусон е во пензија од 2013 година, кога ја напушти клупата на Јунајтед, а клубот оттогаш не успеа да ја освои титулата во Премиер лига.

На Фергусон му се слошило на натпреварот помеѓу Јунајтед и Ливерпул, пренесен е во болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот