„Фер муабет” – настан посветен на студентите со попреченост

Настан посветен на студентите со попреченост „Фер муабет” по повод одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет.

Воведни обраќања, како што е најавено, ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев и раководителката на Институтот за специјална едукација и рехабилитација Наташа Станојковска-Трајковска.

На настанот ќе биде промовирано и списанието на студентите на Филозофскиот факултет на Брајово писмо „Внатрешен Патник” и ќе бидат доделени награди од Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот