Феноменот на баењето беше предмет на научно истражување
Промоција на книгата „Бajaчките обреди како дел од македонската народна култура“ од м-р Ана-Марија Бранѓолица ќе се одржи на 14 јуни, со почеток во 20 часот, во Кафе „Ли“ во Скопје.
Препорачано
Книгата е објавена во издание на „Фуснота“, промотор ќе биде Душко Крстевски, главен уредник е Драгана Евтимова, а дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски.
– Предмет на истражување во научниот труд на Ана-Марија Бранѓолица е феноменот на баењето, како интегрален дел од македонската народна култура, а опсервацијата на баењето како магиски обред вклучува детално истражување на обредните постапки и реквизити што ги применува лицето што бае и што раководи со обредот.
Една од клучните цели во истражувањато на Бранѓолица е да покаже дека баењата претставуваат централна сила во исцелувателската улога, каде што баењето како севкупно истражување има своја логика и своја поетика, па оттука произлегува и главната цел на овој исклучителен научен труд на авторката. Токму затоа, научното истражување на Ана-Марија Бранѓолица заслужува посебно внимание во нашата книжевност и во нашиот простор кај читателите, а особено добива свој простор и за понатамошна дискусија – истакнува промоторот Душко Крстевски.


