Феникс ја доби битката со Работнички
Поранешниот македонски кошаркарски шампион Работнички повторно се врати на поразите, откако на отворањето на 19. коло од домашната елита загуби на гостувањето кај Феникс со 77-83.
Препорачано
Тимот од Гази Баба по вторпат сезонава излезе како победник во меѓусебните пресметки со градскиот ривал и со тоа обезбеди подобар меѓусебен биланс, што може да биде пресудно доколку двата тима ја завршат сезоната со ист број бодови. =
Клучен се покажа самиот почеток на средбата. Домашните отворија со силен ритам и со серија од 9-0 брзо се одлепија, а до крајот на првата четвртина стигнаа и до двоцифрена предност од 28-16. Работнички успеа да се врати во игра во вториот период, кога со низа од седум поени се доближи на само еден поен разлика (34-33), но Феникс не дозволи целосен пресврт и на паузата замина со водство од 42-36.
Во продолжението се повторуваше истото сценарио, гостите неколкупати се приближуваа на еден напад негатива, но секогаш следуваше одговор од домаќините. Драмата кулминираше во самата завршница. При резултат 78-77 за Феникс, во последните секунди Рахама погоди тројка со звукот на сирената и практично го реши прашањето за победникот, бидејќи Работнички во следниот напад не успеа да возврати.
Најефикасен кај победничката екипа беше Дајсон со 23 поени, додека Рахама и Златевски додадоа по 14, а Ниа 11 поени. Кај Работнички најрасположен беше Ефремовски со 24 поени, но дури 19 од нив ги постигна уште во првото полувреме.


