„Фенерџијата“ ѝ откина бод на Барселона! (ВИДЕО)

фото: твитер

Иако фудбалерите на Валверде одиграа реми, повторно се на врвот во генералниот пласман во најсилното шпанско фудбалско првенство.

Во последниот натпревар од саботната програма на 19. коло во шпанската фудбалска „Ла Лига“ Барселона одигра само реми на гостувањето кај Еспањол во градското дерби со резултат 2:2.

После првото полувреме водеше Еспањол со погодокот на Лопез после асистенцијата на Рока во 23. минута од средбата.

Во вториот дел за период од девет минути Барса успеа да направи пресврт благодарение на погодоците на Суарез и Видал.

Домаќините успеаја да дојдат до значаен бод преку кинескиот интернационалец Ву Леи по додавањето на Варгас во 88. минута за голема радост на трибините.

Барселона и покрај нерешениот епилог повторно е на врвот со 40 бодови, колку што има и Реал Мадрид на втората позиција.

„Кралевите“ денеска ја оправдаа фаворитската улога кај екипата на Хетафе (0:3), а Леванте на нашиот Барди загуби кај Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот