Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Фенербахче поднесе жалба до УЕФА за арбитражата против Викторија Плзен

Фудбалскиот клуб Фенербахче официјално соопшти дека поднел жалба до УЕФА поради, како што наведува, спорното судење на холандскиот арбитар Алард Линдхаут на натпреварот против Викторија Плзен во 4. коло од Лигата на Европа, кој заврши без голови (0:0).

Од клубот бараат европската куќа на фудбалот да ги испита спорните ситуации со „должна сериозност и итност“, нагласувајќи дека погрешните одлуки на судијата директно влијаеле врз исходот на мечот.

Најконтроверзен момент беше ситуацијата во судиското продолжение, кога по прегледување на ВАР-снимката не беше досуден пенал за Фенербахче, бидејќи беше оценето дека на почетокот на акцијата имало прекршок за домашниот тим – нешто што турскиот клуб го смета за погрешна одлука.

Фенербахче најави дека јавноста навремено ќе биде информирана за понатамошниот развој на настаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот