Фекир и Ливерпул, сагата продолжува летово

Nabil Fekir of Olympique Lyonnais during the UEFA Champions League group F match between Olympique Lyonnais and Manchester City at Stade de Lyon on November 27, 2018 in Decines, France(Photo by VI Images via Getty Images)

Ливерпул го обнови интересот за Набил Фекир од Олимпик Лион кој минатата година беше пред потпис за тимот од „Ендилд“.  Навивачите на Ливерпул добро се сеќаваат како беа изиграни од претседателот на Олимпик Лион, Жан Мишел Ола, и стравуваат и летово да не се повтори истата ситуација.

По неколкумесечни преговори, Ливерпул се согласи да ги задоволи апетитите на Ола, но во моментите кога фудбалерот кој веќе се сликаше со дресот на англискиот тим и требаше само да ги одрабоди лекарските прегледи, претседателот на Лион го откажа трансферот.

Италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио тврди дека Ливерпул и летово ќе се обиде да го ангажира Набил Фекир и тоа за сума од 50 миолиони евра.

Адут на Ливерпул во преговорите е тоа што Фекир има само уште една година од договорот и веќе ги одби понудите на Ола да потпише нов договор. Токму поради тоа, челниците на европскиот шампион сметаат дека понуда тешка 50 милиони евра ќе биде доволна за да се постигне договор и сагата конечно да заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот