Фазлагиќ сезонава ќе настапува за екипата на Дунајска стреда

фото: ФФМ

Македонскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ претстојната сезона ја одигра во дресот на словачкиот прволигаш Дунајска стреда.

Фазлагиќ во јануари годинава потпиша за Висла Краков, но се договори со управата на полскиот тим сезонава да ја мине на позајмица во Дунајска стреда која на крајот од годината ќе има можност да го откупи договорот.

Тој денеска беше промовиран како нов фудбалер на Дунајска стреда притоа откривајќи дека понудата за позајмица веднаш ја прифатил.

– Првите впечатоци се одлични, имам играно тука натпревари и знам колку голем клуб е ДАЦ. Знам како функционира клубот, има одлични навивачи, модерен стадион и кога пристигна понудата веднаш ја прифатив – изјави Фазлагиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот