Фазлагиќ кариерата ја продолжува во Висла Краков

Енис Фазлагиќ е претставен во Висла Краков/ фото: https://www.wisla.krakow.pl

Македонскиот младински репрезентативец Енис Фазлагиќ од денеска и официјално е нов фудбалер на поранешниот полски шампион Висла Краков. Фазлагиќ потпиша четиригодишен договор со Висла која на словачка Жилина и плати 500.000 евра обесштетување.

– Енис е фудбалер со огромен потенцијал и веќе има огромно искуство иако е млад. Тој е играч кој  секогаш сака да е со топката, што секако ќе ни помогне во нашата игра и да ја добиеме потребната агресивност. Тој доаѓа во Висла на целосен трансфер со договор на четири ипол сезони – изјави спортскиот директор на полскиот клуб, Томаш Пасиечни.

Фазлагиќ во кариерата има играно во ФК Скопје, Вардар и Шкендија во мак фудбалот, а од 2018 година го носеше дресот на Жилина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот