Фати доживеа брутално понижување, Барселона покрена тужба!
Како што информира „Мундо Депортиво“, Барса ќе испрати тужба до шпанското издание „АБЦ“ и новинарот Салвадор Сострес.
Препорачано
– Има нешто во стилот на трчање на Ансу што изгледа како газела или млад црн мантеро (шпански збор за уличен продавач на нелегална стока) – напиша Сострес.
Соиграчот на Фати, Антоан Гризман, беше еден од играчите кои веднаш реагираа.

– Ансу е исклучителен млад човек кој заслужува иста почит како и секое човечко суштество. НЕ за расизам и НЕ за лошо однесување – порача францускиот репрезентативец Гризман.
„АБЦ” веднаш реагираше и испрати извинување од Сострес.
– Мојата намера беше да ја пофалам убавината на движењето на Ансу и неговиот талент како многу млад играч. Некои изрази беа сфатени како расистички навреди. Длабоко се извинувам за недоразбирањето и се извинувам доколку некој се чувствувал навреден – вели новинарот.
Фати е роден во Гвинеја-Бисао и имигрирал со своето семејство во Шпанија кога имал шест години. Сега има 17 години и тој е еден од најперспективните играчи на Барселона и голема надеж во светскиот фудбал.


