Фатена со кокаин екс-асистентка на косовската претседателка Атифете Јахјага

Indeksonline

Во Призрен, Косово, била уапсена ќерката на академикот Мехмет Краја, поранешна асистентка на косовската претседателка Јахјага, Греса Краја, за неовластено поседување на наркотични супстанции од типот кокаин, пренесува Индексонлајн.

Таа била уапсена од страна на Единицата за борба против дрога на Косовската полиција на 14-ти јули, по 03:00 часот наутро, во близина на спортски центар во Призрен.

Според полицискиот извештај, обезбеден од Индексонлајн, ќерката на академикот Мехмет Краја, покрај наркотичната супстанца која се обидела да ја скрие, била и под дејство на алкохол со повеќе од 1 промил.

За време на контролата која ја вршеле неколку лица, се вели дека било притворено и лицето Греса (Мехмет) Краја, родена во Приштина, под сомнение за поседување на наркотични средства од типот кокаин.

Поранешната асистентка на Јахјага, била во друштво на тројца други лица, а во новчаникот на еден од нејзините придружници била пронајдена и една доза на дрога од 0.64 грама, за која исто така се сомнева дека е кокаин.

Таа била ослободена и против неа е покрената постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот