Ракометната репрезентација на Македонија денеска (18 ч.) ја очекува вториот натпревар на Светското првенство и тоа против домаќинот Египет.
Амбициозниот домаќин во првото коло го совлада Чиле со 35:29, а за вечерашниот дуел ќе биде посилен и за капитенот Ахнед Елахмар, но и покрај тоа се внимателни во најавите пред натпреварот.
– Се подготвувавме за натпревар против Чешка, а во последните моменти моравме да мислиме на Македонија. Станува збор за сериозен противник кој ќе ни пружи даелу поголем отпор од Чиле. Ова ќе биде тежок натпревар, клучен за пласман во наредната фаза – изјави голманот на Египет, Карем Хендави, кој по завршуваљње на Мундијалот ќе се пресели во Еурофарм Пелистер.