ФАО: Екстремните горештини ќе го изгорат земјоделството и производството на храна
Извештајот „Екстремната топлина и земјоделството“ укажува дека топлотните бранови не само што се почести, туку и значително поинтензивни и подолготрајни во споредба со пред неколку децении. Овој тренд има сериозни последици врз целиот аграрно-прехранбен систем, од нивите и фармите до глобалните синџири на снабдување со храна.
Екстремната топлина станува една од најголемите закани за глобалното земјоделство, стои во новиот заеднички извештај на Организација за храна и земјоделство и Светската метеоролошка организација. Според документот, повеќе од една милијарда луѓе веќе се изложени на опасни температури, додека светската економија губи стотици милијарди долари преку изгубени работни часови и намалена продуктивност. Извештајот „Екстремната топлина и земјоделството“ укажува дека топлотните бранови не само што се почести, туку и значително поинтензивни и подолготрајни во споредба со пред неколку децении. Овој тренд има сериозни последици врз целиот аграрно-прехранбен систем– од нивите и фармите до глобалните синџири на снабдување со храна.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Оваа екстремната топлина е главен мултипликатор на ризик, вршејќи зголемен притисок врз земјоделските култури, добитокот, рибниците и шумите, како и врз заедниците и економиите што зависат од нив“, изјави генералниот директор на Организација за храна и земјоделство, Кју Донгју.
Екстремната топлина, како што се дефинира во извештајот, се однесува на продолжени периоди во кои дневните и ноќните температури значително ги надминуваат вообичаените вредности. Овие услови создаваат физиолошки стрес кај растенијата, животните и луѓето, што може да доведе до директни оштетувања и пад на продуктивноста.
Кај земјоделските култури, критичната граница често е околу 30 степени Целзиусови. Над ова ниво, растенијата почнуваат да покажуваат знаци на слабеење, се нарушува фотосинтезата, клеточните структури стануваат нестабилни, а репродуктивните процеси се попречуваат. Кај некои култури, како компирот и јачменот, штетите започнуваат и на пониски температури.
Добитокот, пак, покажува знаци на топлотен стрес веќе над 25 степени. Животните пијат повеќе вода, се движат помалку и имаат намален апетит. Доколку изложеноста продолжи, може да дојде до сериозни здравствени проблеми, вклучително и откажување на органи. Дури и кога не доаѓа до смрт, продуктивноста опаѓа ,се намалува производството на млеко и квалитетот на месото.
Во водните екосистеми, високите температури го намалуваат нивото на растворен кислород, што создава дополнителен притисок врз рибите и другите водни организми. Ова има директни последици врз рибарството и снабдувањето со храна. Извештајот наведува низа примери кои ја илустрираат сериозноста на проблемот. Во 2025 година, делови од Киргистан беа погодени од температури за 10 степени повисоки од вообичаеното, што доведе до пад од 25% на житните култури. Слични екстреми се забележани во САД, Бразил, Кина и Австралија, каде топлотните бранови често се комбинираат со суши и пожари.
Особено загрижувачки е феноменот на „ненадејни суши“, кои се развиваат брзо поради екстремната топлина. Овие суши ја намалуваат влагата во почвата, ја влошуваат ерозијата и оставаат долгорочни последици врз земјоделското земјиште. Покрај тоа, научниците предупредуваат дека зголемувањето на глобалната температура дополнително ќе ја влоши ситуацијата. Доколку затоплувањето е над 2°Целзиусови од просечното, интензитетот на топлотните бранови може да се удвои, а при 3°C да се зголеми четирикратно.
-Екстремната топлина сè повеќе ги дефинира условите под кои функционираат земјоделско-прехранбените системи“, изјави генералниот секретар на Светска метеоролошка организација, Селест Сауло, додавајќи дека станува збор за фактор што ги засилува постојните слабости во системот.
Иако извештајот има глобален карактер, неговите наоди не ја одминуваат и Македонија. Земјата веќе чувствува последици од климатските промени, особено во земјоделството, сектор кој е дирекно зависен од временските услови. Во последните години се забележуваат почести и подолги топлотни бранови во летниот период, намалени приноси кај житните култури, лозјата и овоштарниците, зголемен притисок врз водните ресурси за наводнување и стрес кај добитокот и намалено производство на млеко.
Особено ранливи се малите земјоделци, кои немаат пристап до современи технологии и системи за заштита. Во услови на температури што често надминуваат 40 степени Целзиусови, работата на отворено станува ризична по здравјето, а продуктивноста значително опаѓа.
Дополнителен проблем претставува и ризикот од пожари, кој се зголемува со секој нов топлотен бран. Ова не само што ги уништува шумите, туку има и индиректно влијание врз земјоделството преку деградација на почвата и губење на биодиверзитетот.
Ќе се проверува цената на вештачките ѓубрива за да не скокнат цените на овошјето и зеленчукот


