Фантастична бундеслигашка четворка од 300 милиони евра за моќен Челси?!

Бенжамин Павар е една од желбите на лондонските „сини“/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Новиот сопственик на Челси, Тод Боели е подготвен да инвестира во играчкиот кадар. Откако е ангажиран менаџер по негова желба, поранешниот шеф на Брајтон, Грем Потер, сега на „Стемфорд Бриџ“ се во мисија да донесат и нови фудбалери. Медиумите во Англија пренесуваат дека на мета на Челси има четворица играчи и сите играат во германската Бундес лига.

Веќе имаше информации дека напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку потпишал преддоговор со „сините“ и дека неговиот трансфер би требало да изнесува околу 60 милиони евра.

Заедно со Французинот Нкунку, во Лондон би можел да замине неговиот клупски колега, хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол, чиј трансфер би можел да биде вреден 90 милиони евра.

Гвардиол не би бил најскапото засилување на Боели следната зима или лето. Во клубот го гледаат Англичанецот Џуд Белингем како идеален играч за нивниот среден ред. Околу потписот на Белингем ќе треба да се „борат“ со Ливерпул, можеби и Реал Мадрид, а доколку сакаат да ја добијат оваа „битка“ ќе им требаат неверојатни 120 милиони евра.

И тоа не е сè, на овие тројца млади фудбалери би можел да им се придружи и нешто поискусниот десен бек на Баерн, Бенжамин Павар, кој може да ја покрие и дефанзивната позиција. Неговиот потенцијален трансфер би го чинел Челси околу 35 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот