Фановите на Кети Пери и Орландо Блум упорно бараат фотографија од нивното бебе : Покажете ни ја Дејзи!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Од кога пејачката Кети Пери го роди своето прво дете, нејзините обожаватели, но и оние на нејзиниот партнер, не престануваат да коментираат на социјалните мрежи дека сакаат да ја видат нивната ќеркичка.

Актерот Орландо Блум (43) и пејачката Кети Пери (35) добија принова кон крајот на август. Малото бебенце го носи името Дејзи Доув Блум. Уште од раѓањето на бебето, обожавателите на оваа славна двојка не престанаа да бараат нејзина фотографија.

Фото: Инстаграм

Орландо објави фотографија на социјалните мрежи од теретана. Неговата кошула беше многу испотена како резултат на штотуку завршениот тренинг, но фановите не беа премногу заинтересирани за неговиот фит изглед. Тие го пофалија дека е одлично што се грижи за својот изглед, но сепак ги интересираше само како е неговата едномесечна ќерка.

Чекаме фотографија од Дејзи – напиша еден пријател на Блум, а друг додаде:

Каде е сликата од малечката, предолго чекаме.

Кети и Блум ја започнаа својата романса по доделувањето на Златните глобуси во јануари 2016 година, но раскинаа една година подоцна. Сепак, парот се смири во април 2018 година, а потоа следеше и свршувачка. Кети веќе беше во брак со Расел Бренд (45), но нивниот брак се распадна по само две години.

Ова е прво дете на Кети Пери, а Орландо го има синот Флин (9) од бракот со манекенката Миранда Кер (37).

Фото: Профимедиа

Кети и Блум имаа намера да се венчаат во Јапонија, но церемонијата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот. Сега уживаат со Дејзи и веруваме дека ќе го кажат и судбоносното „да“ кога ситуацијата ќе биде подобра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот