Факом бележи пад на приходите од 43 проценти – Слободен печат
ВестиЕкономија

Факом бележи пад на приходите од 43 проценти

Исплатата на дивиденда е во согласност со Одлуката на Собрание за распределба на дел од добивката од 2008 година.

Компанијата Факом АД Скопје објави образложение на неконсолидираните неревидирани финансиски извештаи за период од 01.01.-30.06.2019 година

Основните сметководствени политики и методи на вреднување користени при составување на финасиските извештаи за 2019 година се непроменети.

Во периодот од 01.01.-30.06.2019 година Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во износ од 556.226,57 денари наспроти добивката од 01.01-30.06.2018 година од 30.908 милилиони денари. Ова се должи пред се на намалениот обем на работи и договори за работа и оваа динамика го одредува обемот и финансискиот резултат што се оствари во овој период од 2019 година. Вкупните приходи во 2019 година изнесуваат 490.203 милиони денари  и истите се намалени за -43% во однос на истиот период 2018 година (854.860 милиони денари).

Во периодот од 01.01-30.06.2019 година Друштвото оствари вкупни расходи од 489.647 милиони денари кои се за -41%% помали во однос на истиот период 2018 година. Намалувањето на расходите се должи пред се на намалените трошоци за суровини и материјали и останатите трошоци за работа.

Исплатата на дивиденда е во согласност со Одлуката на Собрание за распределба на дел од добивката од 2008 година.

Друштвото во текот на 2019 година вршело редовно отплата на долгорочен кредит од деловната банка и користи револвинг денарски кредит.

Друштвото досегашното свое работење го извршуваше во согласност со своите утврдени стратешки цели и деловната политика со цел унапредување и постигнување на подобри рзултати во своето работење. Со над 80% од производните капацитети ќе биде нашето ангажирање во странство. Но ФАКОМ мора да ја задржи и да ја надгради позицијата на препознатлива успешна компанија за челични конструкции и опрема во земјата и странство, кои ќе бидат произведени по највисоки стандарди и по квалитет и со конкурентни цени на пазарот.

Основна определба на компанијата и понатаму мора да биде извозната орентација, подобрувањето на квалитетот на своите производи исто така ќе продолжи со трендот на рехабилитација на постоечките капацитети, подобрување на работните услови и  инвестиции во нова опрема и посовремена технологија.

Наша трајна цел и определба одсекогаш била и ќе остане најдобри производи и услуги за нашите клиенти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close