ФА Куп: Манчестер јунајтед го слави Хуан Мата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Фудбалерите на Оле Гунар Солскјер во следната фаза ќе играат со подобриот од пресметката помеѓу екипите на Ватфорд-Транмере Роверс.

„Црвените ѓаволи“ се пласираа во наредното коло од ФА купот, откако со 1:0 на својот „Олд Трафорд“ го совладаа Вулверхемптон во повторениот натпревар.

Манчестер јунајтед имаше шанса преку Џејмс на стартот од натпреварот, додека гостите се заканија преку Хименез кој ја исфрли пола противничка одбрана, но не шутираше најдобро.

Постигнаа гостите погодок преку Нето, но беше поништен после гледањето на ВАР снимката, а до крајот на првото полувреме непрецизни беа уште Мата и Марсијал кај Јунајтед.

Во вториот дел фудбалерите на Оле Гунар Солскјер беа поконкретни и подобри, а после една грешка во одбраната на Вулверхемптон, Јунајтед дојде до победнички гол.

Шпанскиот интернационалец Мата иако не важи за многу брз фудбалер, во овој случај искористи една контра и со лоб удар го измами голманот за поставување на конечниот епилог.

На спротивната страна Рубен Невеш имаше добар удар, но промена на резултатот немаше, па така Манчестер јунајтед се пласираше во 1/16 финалето.

Фудбалерите на Оле Гунар Солскјер во следната фаза ќе играат со подобриот од пресметката помеѓу екипите на Ватфорд-Транмере Роверс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот