Езгјан Алиоски проговори за инцидентот: Не му реков ни збор на Пепе за да го провоцирам

epa08836408 Arsenal's Kieran Iierney (R) speak with Leed's Ezgjan Alioski (L) following the English Premier League soccer match between Leeds United and Arsenal FC in Leeds, Britain, 22 November 2020. EPA-EFE/Michael Regan / POOL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски проговори за инцидентот: Не му реков ни збор на Пепе за да го провоцирам

Играчот на Лидс првпат проговори за инцидентот помеѓу него и Никола Пепе на мечот со Арсенал, кој крена многу прашина во Англија. Пепе го удри Алиоски со глава по што доби црвен картон, а многумина го критикуваа Џани велејќи дека „одглумил“.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски неодамна дојде во центарот на вниманието во Англија, по инцидентот на мечот Лидс – Арсенал (0:0) кога играчот на „топчиите“ Пепе го удри со глава, по што доби црвен картон.

Полициска истрага по заканите упатени кон Алиоски

Многумина сметаа дека Алиоски вербално го испровоцирал Пепе да го удри со глава и дека потоа „одглумил“ кога падна. Имаше многу закани преку социјалните мрежи кон Езгјан од навивачите на Арсенал, па дури и полицијата се вмеша.

Новинарот Адам Поуп разговараше со Алиоски, кој првпат го опиша инцидентот. Во интервјуто Џани зборуваше и за пласманот на Македонија на ЕП 2021 и колку тоа значи за луѓето во земјава.

– Да бидам чесен, не му реков ниеден збор на Пепе за време на целиот меч за да го налутам. Физички го провоцирав, но не и вербално. Играв остро физички чувајќи го, но не му реков ни збор за да го провоцирам. Сите мислат дека нешто му реков, но не беше така. За него беше тешко тоа што бев физички агресивен. Не дека ми го скрши носот, но имаше физички контакт од негова страна. Беше глупаво тоа што го стори. Беше тешко за него физички и можеби го нервираше тоа што игравме човек на човек. Секој играч на мое место би го сторил она што јас го сторив. Кога го стори тоа (ударот со глава н.з.), можев и јас да возвратам, но не реагирав на тој начин – вели Алиоски.

Езгјан Алиоски/EPA-EFE/Peter Powell

Според него Лидс има физички најподготвен тим во Премиерлигата.
– Ние работиме многу силно на тренинзите. И тој труд се исплаќа на мечевите. Ние имаме повеќе сила од противниците на мечевите. Веруваме во себе и со силата што ја имаме во 90 минути имаме повеќе шанси за гол. Мислам дека сме подобро физички подготвени од било кој тим во Премиерлигата – вели Џани кој вели дека ужива на мечевите.

Уживам во фудбалот што го играме во Премиерлигата. Тоа е напаѓачки фудбал. Играме тимски. Можеби дугите тимови се индвидуално подобри, но ние играме тимски, секој е бори за целата екипа – смета Алиоски.

– Добри работи доаѓаат. Имав сон да играм во Премиерлигата и со Македонија да играм на ЕП. Тоа го остварив и сега треба да си ставам нови цели пред мене. Следна цел е да одиме со Лидс меч по меч и да не се плашиме од големите клубови. Ние сме како семејство. Секој играч се бори за тимот и тоа не прави успешни – вели Џани. Лидс сезонава се врати во Премиерлигата по долго отсуство, на табелата е на 12. место од 20 тима со четири победи две нерешени и четири порази.

Драго ми е што ја израдувавме Македонија

Фото: ФФМ

– Имаше многу солзи радосници кога се пласиравме на ЕП. Знам каков е животот во Македонија. Не е лесно за луѓето во Македонија и не е лесно за фудбалерите што играат таму. Јас пораснав во Швајцарија, но имам фамилија во Македонија знам како живеат луѓето. Тежок живот, нема пари. Постигнавме успех со тим што работи заедно шест-седум години и има селектор што верува во нас. Добивме шанса да се квалификуваме за ЕП и ја сфативме сериозно. Прекрасно е за земјата, тоа што го постигнавме. Секако, добро е за играчите и за нашата иднина. Но особено добро е за земјата и за луѓето таму. Имаме талени во Македонија и многу сум среќен што ова се случи. Тоа покажува дека растеме – вели репрезентативецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот