Европските шампиони од денеска на подготовки во Требиње

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во наредните 10 дена, македонскиот и европски шампион Вардар во Требиње ќе ги одработи главните подготовки кои претходно ги одработуваше во Крањска Гора.

Новиот тренер, Писонеро ќе има можност да го воигрува тимот, со оглед дека во перидот од 9-11 август ќе го одигра и првиот контролен турнир.

„Црвено-црните“ се во група со екипите на Борац од Бања Лука и домашниот тим на Леотар. Воедно во Требиње ќе се работи и на физичката подготовка на тимот, како и со тренинзи во сала.

Таму на соиграчите ќе им приклучи и голманот Калифа Гедбан, додека шанса да тренира ќе добие и младиот чувар на мрежата, Васил Гогов.

Гедбан имаше и интервју за ЕХФ во кое вели дека и натаму го лазат морници кога ќе се присети на финалето и освојувањето на пехарот од Лигата на шампионите годинава.

– Финалето дефинитивно ми е најдобриот момент во кариерата. На секој ракометар е сон да игра во финалето и да победи против еден од најсилните тимови на светот. Тоа беше неверојатна авантура во Лигата на шампионите. Се уште ме лазат морници кога ќе помислам на тоа како стигнавме до титулата. Си ветивме дека ќе се бориме до самиот крај и да го направиме македонскиот народ горд. Дадовме 1000% од себе во таа прилика – се зборовите на Гедбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот