Европските држави кои имаат најдобри здравствени системи не се во состојба да се носат со пандемијата

Фото: МИА

Болниците во Европа се многу добро опремени, но тие само ги санираат последиците од епидемиите – не и причините.

Сè поголем број на болници во Европа се борат со десетици илјади пациенти заразени од коронавирусот, а кризата покажа изненадувачки парадокс- европските држави кои имаат најдобри здравствени системи и болници, не се можност да се справат си пандемијата на коронавирусот.

Епидемиолозите тврдат дека главната причина за колапсот на здравствениот систем во Италија е лошата организација во која централно место заземаат болниците, недостиг на епидемиолошкото искуство и неселективно сместување на пациентите во болниците. Екепсерти на Светската здравствена организација посочија на недостиг на единствен европски пристап во борба со пандемијата, како и задоцнетата реакција која требало да се спроведе два месеци порано. Исто така СЗО смета дека здравствените власти морале да спроведат пообемни тестирања и подобри мерки за набљудување на заболените од Ковид -19 вирусот.

Повеќето експерти тврдат дека пристапот на европските држави во борба со коронавирусот во почетокот бил несериозен и воопшто не се раководел врз основите на епидемиологијата, како што е следење на контактите на заболените, па со тоа и ширење на вирусот. Освен тоа здравствените работници во Европа немаат искуство со рационализираното давање на здравствена нега бидејќи болниците во Европа се многу добро опремени, што во оваа ситуација  се покажа како проблем.Болниците само ги санираат последиците од епидемиите но не и причините.

Во здравствениот систем на европските држави, централно место зазема давањето на здравствена нега на пациентот, но епидемиите не се однесуваат на поединецот туку на заедницата. Таков модел постои во африканските држави и во некои делови на Азија, каде болниците се наменети за пациенти во најтешка состојба, додека останатите пациенти се изолираат во други објекти, нешто како теренски болници кои во моментов се прават низ државите во Европа.

Се покажа дека ниту силната мрежа на лекари од општа пракса во Европа не се доволни за ефикасна борба против пандемијата на коронавирусот.

Светските експерти сметаат дека во вакви услови, најефикасно е ангажирање на голем број здравствени работници, со помало искуство од лекарите, но кои се фокусирани на примената на мерките за контрола на епидемијата. Ваков тип на работна сила најмногу ја има во земјите во развој во кои често се спроведуваат масовни здравствени интервенции како што е вакцинацијата.

Сепак останува фактот дека европските држави ги преценија своите можности, но и ја потценија способноста на новиот вирус за брзо ширење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот