Европските берзи бележат раст

Доброто расположение на пазарите е благодарение на намалувањето на тензиите меѓу САД и Кина бидејќи Вашингтон на чекорите на Пекинг за зацврстување на контролата над Хонгконг не реагираше остро како што очекуваа инвеститорите.

На европските берзи денеска пораснаа цените на акциите, благодарение на вестите за постепено олабавување на мерките и отворање на европските економии, имајќи предвид дека ширењето на новиот корона вирус забавува но и поради попуштањето на тензиите меѓу САД и Кина.

Лондонскиот „FTSE“ индекс на почетокот од денешното тргување забележа раст од 1,40 отсто и се искачи на 6159 бодови, додека парискиот „CAC“ порасна за 1,50 отсто и сега изнесува 4766 бодови.

Но обемот на тргување од утринава е скромен бидејќи голем број земји меѓу кои и Германија и Шведска, не тргуваат поради празници.

Доброто расположение на пазарите е благодарение на намалувањето на тензиите меѓу САД и Кина бидејќи Вашингтон на чекорите на Пекинг за зацврстување на контролата над Хонгконг не реагираше остро како што очекуваа инвеститорите.

Откако кинескиот парламент минатиот четврток усвои закон за национална безбедност во Хонгконг, се очекуваше остар одговор од Вашингтон. Но пораката на претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот не беше поприлично „блага“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот