Европскиот фронт може пак да ја предложи Илире Даути за претседателка на истата комисија?
Европскиот фронт на ДУИ не ја исклучува можноста повторно да ја предложи Илире Даути за претседател на собраниската Комисија за социјална политика, објави ТВ24.
Препорачано
Пратеник од албанската опозиција за телевизијата вели дека тие опстојуваат на ставот дека Даути не го прекршила Деловникот, а интерпелацијата не е обврзувачка.
„До крајот на неделата јавноста ќе биде запознаена со нашиот официјалниот предлог. Ова место ни припаѓа нам и номинацијата на било кој пратеник од Европскиот фронт не е исклучена па ниту за Илире Даути . Ние имавме јасен став дека Даути не го прекршила деловникот за работа, а интерпелацијата не е правно обврзувачка“, вели пратеникот.
Дури и опозицијата повторно дa ја предложи Даути, се наметнува прашањето дали таа би прифатила, со оглед на тоа што во Собранието минатата недела инсистираше оставката да ѝ биде констатирана, а таа да ја образложи. Даути засега не коментира.
Ставот и на владејачката коалиција „Вреди“, но и на собранискиот спикер Африм Гаши, беше дека интерпелацијата не е правно обврзувачка, но по инсистирање на Даути – тој сепак ја констатираше оставката.


