Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Европски суд за правда: Прописите на Полска за именување на судии не се во согласност со правото на ЕУ

Европскиот суд за правда денеска пресуди дека новите прописи на Полска за именување на судија во Врховниот суд би можеле да бидат во спротивност со правото на Европска Унија.

Со пресудата се обврзува полската Влада да ги укине таквите прописи и да ги почитува начелата на независност на судот и правата на судска заштита. Пресудата претставува одговор на жалбата на поединечни полски судии.

Судиите наведоа дека според новите прописи одземено им е правотот на жалба на одлуката со која се одбиваат како кандидати за Врховниот суд за Полска.

Случајот се однесува на новиот закон со кој се регулира работата на врховното полско правосудно тело Национален правосуден совет и неговите методи за именување на судоо за Врховен суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот