Европската Унија ќе и даде 6 милијарди евра на Турција за бегалците

Фото: Илустрација

Европската Унија оддели шест милијарди евра, ветени за бегалците во Турција, според договорот склучен во 2016 година.

Од Европската Комисија истакнале дека досега се дистрибуирани 2.7 милијарди евра. Другата преостаната сума од 4.3 милијарди евра, веќе е договорено да се исплати преку агенците кои помагаат во реализирање на договорот.

Во замена за финансирањето и другите работи, Анкара во 2016 година се согласи да ги спречи мигрантите и бегалците кои се обидуваа да стигнат до Европските земји.

Последните месеци Анкара ја повика Европската Унија, да ги зголеми своите фондови, додека се жалеше дека ветуваните пари не се предадени и се закани дека ќе ги отвори портите за бегалците.

Турција е земјата со најголем број на бегалци во светот. Таа држи 4 милиони бегалци во своите граници, вклучувајќи ги тука и 3.6 милиони кои се со потекло од Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот