photo: Alexandros Michailidis

Европа мора да биде спремна доколку биде нападната, предупредува Мицотакис

Започнувајќи го својот осврт со „продолжената геополитичка напнатост на Блискиот Исток“, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис нагласи дека „ова не е далечна криза“ и ја подвлече потребата Европа да биде и обединета, како што покажа солидарноста кон Кипар, но и подготвена.

Настаните, што сега се случуваат илјадници километри далеку, веќе имаат директно влијание врз Грција, нагласи премиерот Киријакос Мицотакис.

Осврнувајќи се на геополитичките тензии, енергетската неизвесност, но и на промените во економијата, трудот и функционирањето на државата, тој истакна дека сето тоа е меѓусебно поврзано и создава ново опкружување со предизвици, но и со можности, пренесе „Кип токинг Грис“.

Неговата изјава доаѓа во период на силни тензии на Блискиот Исток, откако Кипар се најде во фокусот на безбедносните стравувања по дронски напад врз британската база Акротири, како и по пресретнување на други летала во поширокиот регион, откако САД и Израел ги започнаа своите напади врз Иран.

Грчки авиони и „Патриот“ го чуваат небото над Софија – бугарската војска се спрема за ракетни закани

Започнувајќи го својот осврт со „продолжената геополитичка напнатост на Блискиот Исток“, Мицотакис нагласи дека „ова не е далечна криза“ и ја подвлече потребата Европа да биде и обединета, како што покажа солидарноста кон Кипар, но и подготвена.

– Потребна ни е јасна и применлива насока во случај европска територија да биде нападната. Грција продолжува да дејствува одговорно, зајакнувајќи ги стабилноста и безбедноста во регионот – рече Мицотакис, потсетувајќи и на грчката батерија „Патриот“, стационирана во Саудиска Арабија од 2021 година за заштита на критичната инфраструктура, како дел од билатералната стратешка соработка.

Грција со вознемирувачко предупредување: Секое таргетирање на Кипар е закана за Европа

Тој посочи дека настаните на Блискиот Исток веќе предизвикале силен енергетски шок, со непосредно влијание врз домаќинствата и на компаниите низ цела Европа.

– На самитот на Европскиот совет во Брисел разговаравме за целиот спектар на последици од кризата, врз цените на енергијата, врз потрошувачите и врз компаниите, но и врз миграцијата. Потребни се насочени национални интервенции. Во исто време, Европа мора да има конкретен пакет алатки, способен да понуди привремена и таргетирана поддршка за домаќинствата и бизнисите. Тоа е и другата страна на конкурентноста за која опширно разговаравме во Европскиот совет, за да не се соочиме со енергетска криза – рече тој.

Британија предупредува на можни терористички напади на Кипар

Мицотакис посочи дека последните напади врз критична енергетска инфраструктура во земјите од Блискиот Исток дополнително ги оптовариле глобалните синџири на снабдување и влијаат врз светските цени на енергијата. Тој истакна дека Грција, заедно со Франција, поддржала предлог за мораториум на нападите врз енергетската инфраструктура како клучен чекор кон деескалација, додека истовремено се зајакнува и европската одбрана.

Премиерот додаде дека лидерите на ЕУ разговарале и „како да ѝ дадат вистинска содржина на клаузулата за меѓусебна помош на ЕУ“, забележувајќи дека поддршката за Кипар покажала дека Европа може да биде обединета.

ВИДЕО | „Тие се опасност за нашата безбедност“ – Жителите на Кипар бараат затворање на британските воени бази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот