Воена база на Кипар

Британија предупредува на можни терористички напади на Кипар

Британското Министерство за надворешни работи предупреди дека не може да се исклучи можноста за терористички напад на Кипар, откако ги ажурираше официјалните препораки за патување кон островот, пренесуваат британските медиуми.

Во новите насоки се наведува дека постои глобално зголемена закана од тероризам која може да ги погоди британските интереси и британските државјани во странство.

„Терористички напади на Кипар не може да се исклучат“, стои во ажурираните препораки на британското Министерство за надворешни работи.

Министерството дополнително предупреди дека заканите може да доаѓаат од организирани групи, но и од поединци кои ги сметаат Обединетото Кралство и неговите граѓани за потенцијални цели.

Во документот се наведува дека британските граѓани треба постојано да бидат внимателни и свесни за својата околина, особено на јавни места и туристички локации.

Засега нема информации за конкретна закана или планиран напад, но ажурирањето на препораките доаѓа во време на зголемени безбедносни тензии во поширокиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот