Евролига: Панатинаикос славеше во Белград, Црвена звезда се збогува со шансите за плеј-оф

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва се простија од борбата за плеј офот од Евролигата. Завршниот удар на белграѓани го зададе грчкиот Панатинаикос кој во Белград во 30 коло победи со 89:76.

Гостите од Атина одиграа одлично прво полувреме, по кое имаа предност од 10 поени, резултатот беше 51:41. И во третиот период Грците беа подобри, зголемија на „плус 14“ и тука веќе се најавуваше победникот.

Србите се обидоа да се вратат во последната четвртина. Направија серија 7:3 на стартот од последниот период, но не и да дојдат до целосен пресврт.

Панатинаикос го предводеше Лесорт со 19 поени и шест скока, а Митоглу додаде 17 поени со осум скока.

Во редовите на Црвена звезда Недовиќ постигна 19 поени со седум асистенции, а Давидовац исто така постигна 19 поени.

Црвена звезда сега има учинок 10-20, на четири кола пред крајот, четири победи зад плеј-оф позициите, па вечерва ги загуби и тие минимални шанси, додека Панатинаикос е на петтото место со биланс 19-11.

Се одиграа уште три натпревари: Фенербахче – Барселона 88:74, Монако – Олимпиа Милано 80:98 и Валенсија – Баерн 70:68.

Табела: Реал Мадрид 24-6, Барселона 20-10, Панатинаикос 19-11, Фенербахче 19-11, Монако 19-11, Олимпијакос 18-12, Макаби Тел Авив 17-13, Виртус Болоња 17-13, Баскониа 16-15, Партизан 14-16…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот