Евролига: Црвена звезда за првпат во историјата славеше против Ефес на гостински терен
Кошаркарите на Црвена звезда вечерва одиграа фантастичен натпревар во Истанбул и заслужено го победија Анадолу Ефес (65:87) во 19 коло од Евролигата.
Препорачано
Српскиот клуб одлично го отвори денешниот меч и покажа дека дојде во Истанбул за да се надигрува и да се врати во Белград со победа.
Првото полувреме целосно им припадна на гостите. Црвена звезда ја доби првата четвртина со резултат 21:14, а на полувремето беше 43:25 во корист на белградскиот клуб.
„Црвено-белите“ одлично го отворија и вториот дел од натпреварот, играа брилијантно во третата четвртина, предноста растеше од напад во напад, а гостите влегоа во последниот период со 25 поени разлика (41:66).
Таа предност беше доволна за белградскиот тим да го доведе натпреварот до крај, и иако Анадолу Ефес играше нешто подобро, Црвена Звезда славеше во Истанбул со резултат 87:65.
Црвена Звезда вечерва до победата ја предводеше Нвора, кој имаше 24 поени, пет скока и една асистенција. Монеке исто така се истакна со 16 поени, додека Вајлер-Баб беше прв стрелец за турската екипа со 17 поени.
На табелата Црвена звезда е на деветтото место (11-8), додека Анадолу Ефес е на 17 позиција (6-13).
Евролига, 19 коло
Анадолу Ефес – Црвена звезда 65:87


