Евробаскет: Лоренцо Браун ја однесе Шпанија во четвртфиналето

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Селекцијата на Шпанија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство, откако во осминафиналето во Берлин по продолжение од пет минути ја совладаа Литванија со 102:94. Натпреварот во регуларните 40 минути заврши 83:83.

Актуелниот светски шампион во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Финска и Хрватска.

Интересно е што Литванија, по четврти пат на ова ЕП загуби натпревар на една топка, откако претходно на сличен начин беше поразена од Словенија, Германија и Франција во групната фаза.

Во поголемиот дел од натпреварот Литванците ги контролираа случувањата на теренот и имаа блага предност, прват четвртина ја добија со 20:19, а на полувремето имаа плус пет (45:40).

Во третата четвртина Литванија имаше максимални десет поени предност (58:48), но, „фуријата“ најде начин да се врати. Во тие моменти одговорноста ја презеде ветеранот Руди Фернандез кој намали на 68:63.

Четвртата четвртина започна идентично, Литванците ја зголемија предноста, но Шпанија уште еднаш покажа дека е неуништлива. „Фуријата“ преку Ернангомез, Браун и Аростеги на 90 секунди до крајот дојде до предност од 80:78. Браздеикис одговори со тројка за 81:80, но Гаруба веднаш ја возврати за 82:81.

Потоа, Сабонис направи фаул во напад на 16 секунди до крајот. Вили Ернангомез погоди само едно слободно фрлање за 83:81. Ви последниот напад Јокубаитис шутираше тројка за победа но беше непрецизен, а топката дојде до Браздеикис скокна кој во последната секунда погоди за 83:83.

Во дополнителните пет минути доминираше Лоренцо Браун кој не дозволи кам-бек на Литваниците и ја однесе Шпанија во четвртфиналето.

Браун натпреварот го заврши со 28 поени и осум асистенции, Вили Ернангомез додаде 21 поен и 8 скока, а Хуанчо Ернангомез и Руди Фернандез постигнаа по 13 поени.

Кај Литванија се истакнаа Миндаугас Кузминскас со 18 поени, Браздеикис со 17, а по 15 дадоа Сабонис и Лекавичиус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот