Еве зашто беше најдобар: Како Роналдо ги понижуваше елитните дефанзивци (ВИДЕО)

твитер

Луис Назарио да Лима Роналдо за многумина е најдобриот напаѓач на сите времиња.

Иако често го вбројуваат како еден од најдобрите фудбалери во историјата, огромен број на фанови и на експерти немаат дилема, „Роналдо. Вистинскиот Роналдо, Бразилецот“ е најдобриот напаѓач на сите времиња.

Бразилецот беше неверојатен, играше фудбал на неверојатен начин, беше побрз од противниците, размислуваше побрзо и беше совршен „пакет“ на техника, брзина и реализација.

Луис Назарио да Лима Роналдо со неполни 18 години пристигна во Европа, прва станица му беше ПСВ Ајндховен по што се сели во Барселона каде остана само една година.

Нерешителноста на управата на каталонците дали да му ги исполми барањата и да му понуди нов подобар договор, ја искористи Интер кој го донесе во своите редови.

Доаѓањето во тогаш најсилната фудбалска лига во светот му донесе само проблеми, поточно повредите го попречија да го покаже целиот свој раскошен талент иако имаше повремени блесоци.

Како изгледаше кога Роналдо доминираше на фудбалските терени и како ги понижуваше елитните дефанзивци погледнете во видеата:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот