Еве кои славни личности си купиле билет за лет во вселената

ријана кејт винслет џастин бибер мила кунис ештон качер
ФОТО: Инстаграм

Фактот дека повеќе од 600 луѓе, вклучително и многу славни личности, купиле билет за лет од 90 минути, и покрај цената од 250 000 американски долари, покажува колку голем интерес има за истражување на непознатиот универзум, пренесува „tportal.hr“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richard Branson (@richardbranson)

Откако Ричард Бренсон долетал во вселената со својата „Virgin Galactic“, започнала нова ера на туристички патувања. По авантуристички патувања до Северниот пол, најегзотичните острови или мистериозните прашуми, она што сите сакаат да го доживеат сега е лет во вселената и на списокот на заинтересирани луѓе, кои веќе платиле 250 000 американски долати за да ја доживеат таа 90-минутна авантура, има и многу познати личности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Џастин Бибер одамна го купил неговиот билет. Сон на пејачот бил да снима видео во вселената, а таа мистериозна вселена е главна тема на многу филмови на Џејмс Камерон, па не треба да изненадува што тој сака да види што се случува таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk)

Ештон Качер го купил својот билет како 500-ти по ред, а неговата сопруга Мила Кунис ќе го дружи во вселената, додека Ријана го купила билетот исто како и Леонардо ди Каприо, уште во 2013 година. Како што се шпекулира, Шарлиз Терон, која очајно сакала да проба вакво патување, има свое место во леталото, како и Мајкл Фасбендер.

Едни од патниците се и Кејти Пери и Расел Бренд, кој ѝ го подарил патувањето за нејзиниот 35-ти роденден во времето кога биле во романтичен однос, одамна ги купиле своите билети и Бред Пит и Анџелина Џоли. И Кејт Винслет требало да лета во вселената со целото семејство. Таа најверојатно најлесно ги добила билетите, бидејќи нејзиниот сопруг Едвард Абел Амит е внук на Ричард Бренсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот