Еурофарм Работник немаше среќа и против Бидасоа

facebook.com/rkeurofarmrabotnik

Денеска екипата на Еурофарм Работник во рамките од групата „Ц“ го претрпе и третиот пораз од Бидасоа Ирун со конечен резултат 26:25.

Во текот на првото полувреме ракометарите на Стевче Алушовски имаа предност од 7:9, а предноста после погодокот на Стјепановиќ достигна и „плус четири“ разлика (10:14).

Еурофарм имаше и дури пет голови разлика (11:16), но и тоа не беше доволно мечот да се одведе рутински до триумф. Домаќините успеаја во вториот дел да ја анулираат негативата, стигнаа до израмнување 20:20, а потоа и направи серија од три голови што се покажа како клучно за крајниот епилог.

За шпанскиот претставник доминираа Де Ла Салуд Новела со осум голови, три помалку запиша Одриозола Јерегуи. На спротивната страна девет погодоци запиша Остроушко, а шест Стјепановиќ.

Следниот четврти меч во ЛШ Еурофарм Работник ќе го има на 13 октомври во Битола против финскиот состав на Кокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот