Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер триумфираше над Алкалоид за второ место и учество во Европската лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и официјално се вицешампиони, го освоија второто место во Супер лигата откако со 31:26 дома триумфираа над Алкалоид.

После првото полувреме скопската екипа имаше минимална предност на семафорот во салата „Боро Чурлевски“ (15:14).

Кај победниците најефикасен беше Кузмановски со седум голови, а еден помалку запиша Тајник.

На спротивната страна седум погодоци беа дело на Д. Митев, додека пет забележа Николов.

Воедно, на тој начин битолската екипа обезбеди и учество во ЕХФ Европската лига за натпреварувачката сезона 2026/27.

На конечната табела Еурофарм Пелистер освои 52 бодови, колку и третопласираниот ГРК Охрид, а на четвртото место заврши Алкалоид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот