ЕУ му се закани со санкции на Лукашенко

Лукашенко
Лукашенко

Доколку не почне директен дијалог со опозицијата и не престане да користи насилство врз демонстрантите против белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ќе бидат воведени санкции, се закани денеска Европската унија.

„ЕУ ги повикува белоруските власти да побараат мирно и демократско решение за кризата преку поширок национален дијалог … и го поддржува планот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да посредува во дијалогот”, заклучи Советот на министрите за надворешни работи на Унијата по денешниот состанок во Луксембург.

На почетокот на октомври лидерите на ЕУ воведоа санкции против 40 белоруски функционери, кои ЕУ ги смета за одговорни за насилството врз мирните демонстранти, опозициските претставници и новинарите и за „недоличното однесување” за време на претседателските избори летово.

Лукашенко не е на списокот на санкции на ЕУ, но тоа може да се смени

Според официјалните резултати, Лукашенко убедливо победи на изборите на 9 август и го освои шестиот мандат, но опозицијата смета дека изборите се украдени.

Министрите на ЕУ денеска повторија дека претседателските избори во Белорусија ниту беа слободни, ниту фер, и дека Лукашенко нема демократски легитимитет, па затоа ги поддржаа повиците за повторување на тие избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот