ЕУ ја пофали Србија за усогласувањето на визниот режим
Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ја поздрави одлуката на Србија да стави крај на неколкуте безвизни режими до крајот на оваа година и нагласи дека соработката со Србија е клучна во оваа област.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Усогласеноста со визите е од најголема важност. Среќна сум што можам да заклучам дека Србија веќе го усогласи визниот режим со Тунис и Бурунди. Србија вети дека ќе го усогласи визниот режим со европските и другите земји – рече Јохансон на прес-конференцијата по првиот ден од Министерскиот форум на ЕУ и Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Тирана.
Таа се надева дека наскоро ќе може да се сретне со српскиот министер за внатрешни работи, кој не можеше да отпатува за Тирана.
Тема на разговор во Тирана беше ситуацијата долж западнобалканската мигрантска рута и како што беше оценето тоа е заеднички предизвик и заедничка одговорност која треба да се реши со тесно партнерство меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.
Вториот ден од Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан посветен на прашањата за правосудството ќе се одржи утре.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
20мин
-
26мин
-
29мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


