ЕУ извори: Многу аргументирано мора да се убеди Вучиќ за далекусежна одлука

Решавањето на односите на Белград и Приштина и за тоа неопходната „далекусежна одлука“ на Белград со која на Србија ќе и се отвори членството во ЕУ, што ќе значи согласување на видот на независност, ќе биде резултат на сложен и нималку лесен процес преку дијалог.

Дипломатски извори во ЕУ за агенцијата Бета во Брисел рекоа дека е јасно дека за „Белград  тоа мора да биде прифатливо решение“, за кое посредниците и клучните чинители во ЕУ ќе мора „многу аргументирано да го убедат српскиот претседател Александар Вучиќ“.

За ЕУ „далекусежна одлука“ на Белград секако ќе биде „сеопфатно конечно решение“ на односите со Приштина кое може да се протолкува и како признавање, но пресудно е важно двете страни тоа да го прифатат.

Извори во ЕУ исто така истакнаа дека договорот за Заедницата на српски општино (ЗСО) мора да биде спроведен без одложување, а прашањето за мислењето на уставниот суд на Косово за СЗО не е работа која се однесува на Србија како преговарач и ЕУ како посредник, туку тоа „самите власти, политичари и структури внатре во Косово мора меѓусебно да го разјаснат“.

На прашањето на агенцијата Бета што ЕУ ќе му понуди на претседателот Вучиќ кој бара од Брисел одговор на тоа што Србија за возврат добива и кога тоа може да очекува да ѝ се отворат вратите од Унијата, европски извори возвратија дека Белград без сомнение добива членство, но тоа значи и дека Србија мора да ги исполни сите услови, од владеење на правото до нужен степен на економска сила.

И, како што предочиле овие извори, тоа исто така се предуслови за добивање на поддршка низ важен економско – инвестициски пакет на ЕУ за Западен Балкан од 9 милијарди евра, со очекување дека заедно со меѓународните финансиски организации и приватниот капитал да достигне 29 милијарди евра.

Бета европските дипломатски официјални лица ги замоли да кажат како може да се разбере пораката од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак дека од претседателот Вучиќ се очекува „далекусежно решение“, кое неофицијално сите го толкуваат како признавање на некој вид независност, додека високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел стави до знаење дека „какво решение и да се најде за судирот Белград-Приштина ние тука ништо не потпишуваме, туку само олеснуваме, посредуваме“.

Одговорот на дипломатите во Брисел гласеше дека целата сложена и макотрпна постапка на преговори и дијалог ќе потрае, но и Белград и Приштина немаат каде туку да дојдат до решение, ако сакаат секој по свој пат да се приклучи во ЕУ.

„ЕУ посредниците, но и клучните членки на Унијата, вистина е секако, за согласување на Белград мора навистина аргументирано да го убедат српскиот претседател Вучиќ“, рекоа овие извори.

Како што дознава Бета, во Брисел идната недела се очекува обнова на дијалогот, но посетата на Лајчак денеска на Белград би требало да разјасни кога тоа би било можно, најпрво на ниво на експертски тимови, а потоа и меѓу челниците на Белград и Приштина.

(Извор: Бета)

Лајчак: Се што е договорено во дијалогот мора да се исполни, вклучително и ЗСО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот