ЕУ: Албанија за катастрофалниот земјотрес беше помогната на ист начин како да е земја-членка

Според финалниот извештај, кој денеска го презентираше министерот Бленди Чучи, материјалната штета од катастрофалниот земјотрес знесува 985.074.906 евра.

Aмбасадорот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, кој присуствуваше на презентацијата на финалниот извештај за проценката на штета од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија, рече дека земјата добила помош како да е земја членка на ЕУ.

– По 26 ноември се соочивме со неколку фази и Албанија беше помогната на ист начин како да е земја-членка на Европската унија, рече Сореца.

Изрази солидарност за природната непогода и додаде дека е горд на досегашната работа.

– Всушност во домот на Европа, во оваа просторија се собравме два дена по земјотресот и бевме шокирани од трагедијата од 26 ноември. Сега сме повторно тука за кратко време. Треба да бидеме горди што целата оваа работа се прави за обнова на Албанија. Ние сме горди на солидарноста и помошта што ја даваат земјите од ЕУ, рече Сореца.

Евроамбасадорот истакна дека ЕУ ќе биде на страната на Албанија.

– По земјотресот, ЕУ ќе биде покрај Албанија. Ниту една земја не е 100 отсто подготвена да се соочи со природни непогоди, а на Албанија и недостасува инфраструктура. Затоа, овој извештај беше потребен. Објавувањето на овој извештај нè носи во третата фаза, фаза на реконструкција и неговото објавување е соодветна одлука на Владата, оцени тој.

Нагласи дека извештајот за проценетата штета ќе се користи за да се добие потребната помош од донаторската конференција, што ќе се одржи во Брисел на 17 февруари, а со која ќе претседава шефица на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Според финалниот извештај, кој денеска го презентираше министерот Бленди Чучи, материјалната штета од катастрофалниот земјотрес знесува 985.074.906 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот