Етнографски филмови ќе бидат прикажани на 10. „ЕтноФФ“

Сцена од филмот „Хембој“ по сценарио на Елизабета Конеска

Десетото издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм „ЕтноФФ“ во организација на Македонското студентско етнолошко друштво ќе се одржи на 1 и 2 ноември во Кинотеката на Македонија. Проекциите ќе се одржат во терминот од 18 до 22 часот, а влезот е бесплатен.

Фестивалот ќе почне на 1 ноември, во 18 часот, со филмот „Божји пламени“ (62 мин. / 2014 / САД, Франција, Македонија) во режија на Мешакаи Волф, а истата вечер ќе бидат прикажани „Ган Жи – да чувствуваш, да знаеш“ (11 мин. / 2024 / Кина) на Кјара Каварзан, „Арбори, билки и банани“ (29 мин. / 2024 / Кина) на Ксијаохуи Луи и „Тоголeндски проекции“ (96 мин. / 2023 / Франција, Германија, Того) во режија и по сценарио на Јурген Елингхаус.

Во првиот блок на филмските проекции на 2 ноември е земјата во фокус – Јапонија со филмовите „Чикара – синот на сумо борачот“ (32 мин. / 2013 / Јапонија, Данска) на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт, „Сонувајќи го Мураками“ (58 мин / 2018 / Данска) на Нитеш Ањаан и „Создавање на еден Јапонец“ (99 мин. / 2023 / Јапонија, САД, Финска, Франција) на Ема Рајан Јамазаки со снимателот Казуки Какураи.

Фестивалот ќе заврши со проекции на македонските филмови „Патот на престапникот“ (31 мин. / 2024) во режија и по сценарио на Александар Ковилоски и „Хембој“ (20 мин. / 2024) по сценарио на Елизабета Конеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот