Еротски соништа: Крик на човековата потсвест или нешто сосема друго?

ренесанса
Фото: Unsplash

Дека сонот е најинтригантниот дел од психологијата на човекот, особено кога во истиот има еротски моменти открива и  студија спроведена на Универзитетот во Монтерал вели дека осум проценти од соништата кај двата пола се еротски соништа!

Еротските соништа не мора да имаат врска со сексуалниот живот на оној кој сонува. Маркетинг агенциите на големо ја злоупотребуваат сексуалната симболика, бидејќи еротиката „најдобро продава“. Нашиот мозок (за жал) најчесто ги апсорбира тие слики по што истите се манифестираат во соништата.

Еротските соништа често имаат преносно значење, па не само што зборуваат за сексуалните желби на сонувачот, туку можат да откријат и многу за неговиот карактер.

Луѓето кои во соништата често се гледаат себе во друштво на некоја дама со „сомнителен морал“ во реалноса можеби се обидуваат да се воздржат од поврзување, додека луѓето кои се развратни во соништата во реалноста веројатно живеат премногу скромен живот. Во тој случај, таквите соништа се крик на човековата потсвест малку да се опушти и да го
живее животот најдобро што може.

Бакнувањето со непознат или „прељуба во сон“ може да предизвика непријатни чувства дури и по будењето. Ваквите соништа ги истакнуваат табуата и границите што сонувачот си ги поставува водејќи се според сопствениот систем на вредности.

ренесанса

Доколку се бакнувате со личноста која ја сакате станува збор за манифестација на желбата. Бакнувањето со странец може дазначи дека во вашата околина немате некој што ви се допаѓа, но може да значи и дека имате превисоки критериуми, па ви треба некој кој можете да го идеализирате. Или пак, станува збор за страв од приврзување, на кој треба да поработите доколку сакате да го искусите задоволство што животот може да ви го даде.

Соништата во кои има моменти на потчинетост, може да претставуваат потреба за ослободување од одговорност и се вообичаени кај луѓето на одговорни позиции. Ваквите соништа можат да бидат и начин да се ослободите од вината поради недозволени фантазии.

За многу луѓе сексот е едно од најголемите задоволства, но може да биде и извор на грижи и стравови. Понекогаш сонот може да ги направи стравовите многу поголеми отколку што се во реалноста, што е механизам на умот да нè соочи со проблеми.

Соништата за сексуални стравови честопати можат да бидат одраз на други аспекти од животот на сонувачот од кои тој е незадоволен. На пример, незадоволство од работата, акумулирање на долгови или општо чувство на несоодветност и инфериорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот