Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан прогласи воена состојба и општа мобилизација по гранатирањето во зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах.

Тоа го објави самиот Пашинијан, а пораката се појави на англиски јазик на официјалниот профил на Владата на Твитер. Премиерот е цитиран со зборовите дека ова е сторено „за доброто на татковината, за победата”.

Сега сите војници во Ерменија мора да се појават во нивните територијални воени комисии.

Руското Министерство за надворешни работи ги повика страните вклучени во конфликтот во Нагорно Карабах веднаш да престанат со огнот и да почнат преговори за стабилизирање на ситуацијата.

Министерството во соопштението посочи дека состојбата во регионот нагло се влошила.

Утрово се случи нова ескалација во регионот Нагорно Карабах.

Прочитајте и...  Тешко повреден малолетник од Скопје откако автомобил удрил во него

Ерменија објави дека Азербејџан започнала офанзива во правец на Нагорно Карабах, додека Баку наведува дека тие преземаат само реципрочни мерки против дејствијата на Ерменија во таа област.

Министерството за одбрана на Ерменија објави дека ерменските сили собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала во Нагорно Карабах.

Министерството за одбрана на Азербејџан претходно објави дека ерменските сили пукале по линијата на раздвојување и дека имало жртви меѓу цивили.

Растат тензиите меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно Карабах

 

Поврзани вести

Бајден: Трамп истакна бело знаме пред коронавирусот

Слободен печат

Стејт департмент: Утре стапува на сила примирје во Нагорно Карабах

Слободен печат

Путин: Не гледам ништо противзаконски во активностите на Хантер Бајден

Слободен печат

Нов црн рекорд во Франција: Повеќе од 50.000 новозаразени, ситуацијата во болниците се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп тврди – „Конфликтот во Нагорно Карабах може лесно да се реши“

Слободен печат

Коронавирусот се појави и во хрватската Влада: Позитивна министерката Брњац, уште двајца министри одат во самоизолација

Слободен печат

Остави Коментар