Растат тензиите меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно Карабах

epa08620105 Azerbaijan T-72B3 battle tank competes in an individual race of the Tank Biathlon competition as part of the 6th International Army Games 2020 at the Alabino training ground, Moscow region, Russia, 23 August 2020. The 6th International Military-Technical Forum "Army-2020" is held from 23 August till 05 September 2020 at 23 military training grounds of five countries. EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Ерменија го обвини Азербејџан за напад врз цивилни населби во регионот Нагорно Карабах и го повика населението во спорниот регион да побара засолниште.

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека неговите трупи собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала како одговор на нападот, за кој велат дека започнал против цивилните населби, вклучувајќи ја и регионалната престолнина Степанакерт.

„Нашиот одговор ќе биде пропорционален и воено-политичкото раководство на Азербејџан носи целосна одговорност за ситуацијата”, се вели во соопштението на ерменското Министерство за одбрана.

Министерството за одбрана на Азербејџан, пак, соопшти дека започнале воена операција на „контактната линија”, во голема мерка минирана ничија земја.

Министерството соопшти дека бил соборен азербејџански хеликоптер, но неговиот екипаж преживеал.

Двете поранешни советски држави веќе долго време се во конфликт поради главно етнички наследениот  ерменски регион Нагорно-Карабах, а граничните судири се интензивираат во последните месеци.

Министерството за надворешни работи на Ерменија ја осуди „агресијата на воено-политичкото раководство на Азербејџан” и додаде дека ерменската страна ќе даде соодветен воен и политички одговор.

Етничките Ерменци во Нагорно Карабах прогласија независност за време на конфликт што избувна при распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Иако во 1994 година беше договорено примирје, Азербејџан и Ерменија често се обвинуваат едни со други за нападите околу Нагорно Карабах и долж одделната азербејџанско-ерменска граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот