Ерлинг Халанд има клаузула – може да го напушти Сити за 200 милиони евра

фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Доколку се точни информациите кои ги пренесува угледниот „Атлетик“, Ерлинг Халанд би можел да го напушти Манчестер сити во јули 2024 година за 200 милиони евра.

Толку е откупната клаузула за одличниот Норвежанец, пренесува изворот, со посебен услов – не може да ја активира клуб од Премиер лигата.

Тоа е добра вест, пред сè за Реал Мадрид, кој се обидуваше да го ангажира Халанд, но 22-годишниот голгетер го избра Пеп Гвардиола и неговиот проект.

Секако, се очекува и францускиот шампион ПСЖ со внимание да ја прими оваа информација. И покрај клаузулата, Халанд е тој што одлучува се додека е под договор со Сити, каде засега му оди повеќе од добро.

Отштета од 200 милиони евра не би била рекордна, бидејќи Нејмар пред пет години се пресели од Барса во ПСЖ за 222 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот