Ердоган: Терористите добија поддршка од цел Запад

EPA-EFE/STR

Турскиот претседател Реџеп Тајип Етдоган денеска ги обвини западните земји дека „застанале на страната на терористите” наспроти Турција, која ја критикуваат за воената операција на Анкара против сириската курдска милиција Сили за заштита на народот (ЈПГ).

– Целиот Запад застана на страната на терористите и нè нападнаа сите заедно. Вклучително и земјите од НАТО и од ЕУ. Сите! – потенцираше Ердоган во обраќање во Истанбул.

Турција, на 9 октомври почна офанзива против курдските милиции во Сирија, наречена „Извор на мирот”. Воената интервенција наиде на голема меѓународна осуда, посебно што ЈПГ беа сојузници на САД во борбата против терористичката исламска држава.

– Сметав дека сте против тероризмот. Кога почнавте да работите заедно со терористи, праша денеска турскиот претседател. Силите за заштита на народот да не станале член на НАТО, а јас да не сум предупреден за тоа: – праша иронично Ердоган.

Анкара постојано објаснува дека офанзивата во Сирија е со цел да се создаде безбедносна зона, со која ќе се оддели турската граница од териториите контролирани од курдските борци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот