Ердоган на средба со азербејџанскиот претседател Алиев

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина во автономната азербејџанска ексклава Нахчиван на покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, јави агенцијата Анадолија.

Алиев ќе го пречека Ердоган со официјална церемонија, а потоа ќе одржат тет-а-тет разговори на кои ќе стане збор за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, особено за последните случувања во Карабах. Тие подоцна ќе одржат заедничка прес-конференција.

Двајцата лидери, исто така, ќе присуствуваат на церемонијата на отворањето на гасоводот кој ќе ги поврзува Нахчиван и соседната област Игдир во Источна Турција, како и на отворањето на модернизиран воен комплекс во азербејџанската ексклава.

Анкара и Баку се согласија во 2020 година да доставуваат природен гас од Турција до азербејџанската Автономна Република Нахчиван. Новиот гасовод во должина од 85 километри ќе води од Игдир до Седерек во Западен Азербејџан, со годишен капацитет од 500 милиони кубни метри, односно 1,5 милиони кубни метри дневно.

Проектот ќе се реализира преку партнерство помеѓу компанијата за сурова нафта и природен гас на Турција БОТАШ и азербејџанската државна нафтена компанија СОЏАР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот