Епископ од Босна му додели орден на Вучиќ, па српската влада сега ѝ пушти милион државни евра на неговата епархија
Владата на Србија одобри 118 милиони динари, односно околу еден милион евра, како парична помош за Бихаќко-петровачката епархија на Српската православна црква во Босна и Херцеговина, чиј епископ Сергеј минатиот месец му го врачи на Вучиќ Орденот на новомачениците бихаќко-петровачки, пишува „Н1“.
Препорачано
На 9 февруари, епископот бихаќко-петровачки му го врачи орденот на Вучиќ на 9 февруари „за покажано добротворство и голема љубов кон таа епархија и манастирот Рмањ“. Ова не бил првпат епископот Сергеј да покажува додворувачки однос кон Вучиќ, а орденот со кој го одликуваше претседателот на Србија е само кулминација на таквиот однос, пишува „Н1“.
Во анализа, неделникот „Време“ посочува на текст од почетокот на 2023 година, објавен на веб-страницата на Епархијата бихаќко-петровачка, во кој епископот му се додворува на претседателот на Србија со зборови на кои би можеле да му позавидат и најистакнатите апологети на режимот. Епископот Сергеј во текстот најнапред се прашува кој го „проколнал“ Александар Вучиќ „покрај сите притисоци од западните и источните страни“.
„Време“ потсетува и на периодот од крајот на 2020 година, кога епископот Сергеј се обидел да го одбрани Вучиќ од тогаш актуелните напади, потсетувајќи на инцидентот во Сребреница во 2015 година, кога кон Вучиќ летаа камења. Во истиот текст, епископот Сергеј отиде дотаму што директно го спореди со Исус Христос:
„Додека го распнуваат Александар Вучиќ, знам дека сме тргнале по добар пат, дека ни оди, дека сме таму каде што треба да бидеме. Кога ќе замолчат, ќе знам дека не е како што треба, дека исчезнуваме и дека нема да нè има. Вучиќевото распетие е наше воскресение“, напиша епископот Сергеј кон крајот на 2020 година.
Вучиќ: Ќе видам дали ќе се кандидирам за премиер, да видам какво е јавното мислење


