Епилог од упадот во американскиот Конгрес: Уапсени 280 лица, постапка против 300

Фото: EPA-EFE/VARIOUS

Министерството за правда на САД покрена постапка против повеќе од 300 лица за нападот на Конгресот на 6 јануари, додека најмалку 280 лица се уапсени, изјави денеска заменикот на вршителот на должност јавен обвинител Џон Карлин.

– Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за стореното, рече Карлин.

Неговите коментари доаѓаат по само еден ден, откако вршителот на должноста шеф на Капитол Јоганада Питман изјави пред конгресмените дека приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп можеби сакале да ја разнесат зградата на Конгресот.

Приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на 6 јануари и ја демолираа во време кога се потврдуваа електорските гласови од претседателските избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот