ЕП 2022: Македонија ќе биде во групата „Ц“, жрепката на 28 април во Љубљана

Најдобрите македонски ракометарки од третиот шешир ги чека ривалите за ЕП 2022/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Следното Европско првенство во женска сениорска конкуренција ќе се одржи годинава од 4 до 20 ноември во три земји: Словенија, Црна Гора и Македонија кои се директно квалификувани покрај актуелниот шампион Норвешка.

Како што најави Европската ракометна федерација (ЕХФ), во Љубљана, Словенија, на 28 април со жрепка (17.00 часот) ќе се дознаат сите четири групи.

Целата процедура околу жрепката може да ја погледнете на следниот линк ТУКА

Љубљана и Целје ќе ги организираат натпреварите во групите „А“ и „Б“, потоа во Скопје ќе игра нашата селекција во групата „Ц“, а мечевите од групата „Д“ во Подгорица.

Во Скопје ќе се игра една група од прелиминарната рунда и една група од главната рунда.

1 шешир: Норвешка, три првопласирани репрезентации од квалификациите
2 шешир: Црна Гора, три првопласирани репрезентации од квалификациите
3 шешир: Македонија, Словенија, две второпласирани репрезентации од квалификациите
4 шешир: Четири второпласирани репрезентации од квалификациите

Наскоро треба да завршат квалификациите за ЕП 2022, а преку кои досега пласман на континенталниот собир обезбедија репрезентациите на Холандија, Полска, Данска, Швајцарија и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот